Македонија

ТМРО со поддршка за големиот граѓански собир за силна Македонија

ТМРО со поддршка за големиот граѓански собир за силна Македонија

Преку писмено соопштение ТМРО ги повика граѓаните да се приклучат на масовниот граѓански собир за силна Македонија.

„ТМРО апелира до Македонските граѓани и припадниците на Македонскиот народ кои ја имаат оваа држава како  матична, масовно, достоинствено и во голем број на 18 мај во 20 часот, да покажат  државничко чувство и национална свест за Република Македонија, како самостојна и демократска земја, каде институциите на системот ги бира народот на непосредни избори, а не со фингирани и задкулисни кризи“, се вели во соопштението од ТМРО.