ТМРО: Со законот за јазиците на оваа влада, Македонија престанува да биде унитарна држава

Со законското решение на новата Влада, за употреба на албанскиот јазик во службена коресподенција на територијата на цела Македонија, и официјално Република Македонија повеќе не е унитарна држава туку конфедерација.

За ТМРО задолжителната употреба на албанскиот јазик за службена комуникација во државните институции и органите на државната управа, доколку лицето тоа го бара е капитулација на македонската држава, спроведена од петоколонашки структури, се наведува во соопштението на оваа партија.