ТМРО за колумната на Грчев: Говорот на омраза му штети на македонското единство

ТМРО денес по пат на писмено соопштение реагира поради говорот на омраза искажан од Мирослав Грчев кој во колумната објавена во Слободен печат  вели дека „единствен пат за обновувањето на македонската демократија и култура е дератизацијата, дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата на сите институции на државата и општеството од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ“

ТМРО изразува загриженост од јавно искажаниот говорот на омраза и нервоза на еден интелектуалец каков што е господинот Мирослав Грчев.

-Да се искажат јавни осуди и закани кон четирите букви симбол на Македонската државност и самостојност е запрепастувачки и недолично, особено ако е кажано од личност како Грчев. Да се зборува од позиција на опозиција, против актуелната власт е разбирливо, но да се напаѓа кодот на Македонската независност не е во ред и тоа само штети на македонските национални интереси и македонското единство, се вели во реакцијата на ТМРО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.