ТМРО: За претседател на македонската држава, ќе одлучат Македонците

За претседател на Република Македонија ќе одлучат Македонците, сметаат во партијата на Ванчо Шехтански, ТМРО.

„За ТМРО претседателот на македонската држава, задолжително мора да биде чист Македонец по род, неговата номинација да биде од Македонците, да ги застапува македонските национални интереси и конечно да знае да каже таму кај што треба, кои се и што се Македонците и македонскиот народ“, се вели во соопштението од партијата.