ТМРО: Заев и СДСМ форсираат меѓумакедонски судир

Политичката партија ТМРО бара истражните органи во Македонија веднаш да ја прекинат воајерската блеф сапуница со прислушувани разговори во режија на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев, бидејќи „станува збор за смислен чин што води кон меѓумакедонски судир“.

– Опцијата дека нарачател на прислушкувањето е државата, падна во вода, особено што нема никаква смисла премиерот и директорот на ДБК самите да се прислушкуваат??????? Истражните органи веднаш согласно Законот за кривична постапка да побараат официјален одговор во законска постапка од изнесувачот на материјалите, кое е во незаконска форма, како би се утврдило потеклото и нарачателот на истите, се вели во соопштението до јавност на ТМРО.