ТМРО: Затворањето на „Југохром“ е смислено етничко чистење

 

Eвентуалното затварање на фабриката „Југохром“ во тетовско Јегуновце, ќе значи 1.100 вработени, или исто толку македонски семејства на улица, сметаат од партијата ТМРО .

– Барањата на малцинските наводни здруженија на граѓани за заштита на околината и загадувањето предизвикано од „Југохром“ е провидно и смислено со цел етничко чистење на Македонците во крајниот север од земјата, на единствената македонска енклава во овој дел. Имено загадувањето и во скопската и во тетовската котлина, не се ниту од „Макстил“, ниту од „Југохром“, туку од честичките ПК 10, од неквалитетните огревни палети кои се користат од домаќинствата, се вели соопштението до јавност испратено од ТМРО.