Македонија,Политика

ТМРО: Зошто Министерството за правда, намерно или ненамерно, не постапува по обврската кон партијата?

ТМРО: Зошто Министерството за правда, намерно или ненамерно, не постапува по обврската кон партијата?

Од партијата ТМРО реагираат на непостапувањето од страна на Министерството за правда во врска со тоа што не се исплатени парични средства за учество на локалните избори.

„Министерството за правда и ресорниот министер Блерим Беџети, случајно или не, не постапија по законската обврска од член. 10 од Законот за финансирање на политички партии,па заклучно со истекот на тековната година, на партијата ТМРО не е и исплатија парични средства за учеството на локалните избор и освоениот потребен ценсус“, се наведува во соопштението на партијата. 

ТМРО писмено се обрати до Министерството за Правда,но и до ДИК,од каде произлегува оваа законска обврска на државата, Очекуваме да биде најитно постапено,по нашето барање кое е законско и ја следува партијата.

„Несакаме да размислуваме за други причини за ваквата постапка, кои директно би биле незаконски насочени И сфатени како едностран преседан во финансирањето на партиите и нивен нееднаков и селективен третман,насочен директно и на нивното нормално функционирање,заради што ке бидеме приморани да ги известиме и мегународните преставници во земјава“, изјави претседателот на партијата Ванчо Шехтански.