Тоа е СДСМ: Прирачник има, но тимови на терен никаде нема

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изготви прирачник за посета на терен, но во пракса нема кој да го спроведе, бидејќи се уште нема тимови за посета кои беа долго најавувани. И ова ветување на СДСМ пропадна, бидејќи поминаа четири месеци од најавата, но нема никакво дејство на терен. СДСМ како во народната, започна од опашката и пред да формира тимови напиша прирачник, пишува Курир.

Од содржината која беше објавена во јавноста може да се види дека целта на прирачникот е креирање на имиџ на партијата на работливост, проактивност  и организираност, или се она што СДСМ всушност не е во моментот и се она што како критика се упатува до раководството  дека и недостасува.

Многумина коментираат дека прирачникот е одраз на состојбите во СДСМ. Целосно е насочен кон манипулација и создавање на лажна слика пред граѓаните. Во него може да прочитате:

g1

-Облекување во соодветна облека, без очила за сонце и без капа. Граѓаните да не се посетуваат за време на ручек. Во моментот кога ќе ви ја отворат вратата, секогаш направите чекор назад. Така ќе покаже-те дека немате намера да влезете. Вежбање на она што треба да се каже. Никогаш не одете од врата на врата сами, тропајте ниту претивко ниту прегласно. Бидете насмеани, позитивни и ведри. Не почнувајте го разговорот со жалење за ситуацијата или за лошите политики на власта. Не влегувајте во расправии. Разговорот просечно треба да трае десет минути….

g2

Тимовите во директивите од раководството исто така се советуваат и дека ако граѓаните во тој момент се зафатени, да им се извинат и да ги прашаат дали може да поминат за половина час. Посочено им е на партиските активисти да не се прават експерти за политика, доколку не го знаат одговорот на прашањето, да го насочат граѓанинот каде може да го најде.

g3

– Едниот член на тимот разговара со гласачот, другиот запишува. Разговорот почнува вака: Јас сум… Сакаме да ве слушнеме… Дали може да ви одземеме не-колку минути од вашето време. Прашајте ги кои проблеми им се најголеми во општината, кои се најважните прашања во државата, дали би н` поддржале ако утре се одржат изборите, дали сакате да станете наш член, стои во прирачникот.

g4

Аналитичарите оценуваат дека прирачникот на СДСМ за теренската кампања која ја најавува партијата, е само неискрен обид на партијата за залажување на народот и креирање на погрешна слика.

-Овој нов серијал во режија на најголемата опозициска партија во Република Македонија, претставува вистински израз за суштинското поимање на политичката активност и за менталната матрица која ги одразува некреативните и крајно декадентни постапки на еродираното социјалдемократско ткиво, смета Доц. д-р Иванка Додовска.

Иако уште пред четири месеци СДСМ најави теренска активност на 5 илјади тимови, досега ниту еден тим не може да се забележи на терен. Дури и самите нивни функционери запрашани кои места досега ги посетиле, не можеа да дадат конкретен одговор.

Од друга страна, ваквите лаги може да се забележат и во самиот прирачник. Имено, таму пишува дека активноста од врата на врата ќе започне уште на 01 октомври 2014, денес се поминати 45 дена,  а СДСМ се уште не е на терен и единствено што остана да лебди е прирачникот каде само на зборови, не и со дела СДСМ е работлива, организирана и проактивна.

g5

За аналитичарите, СДСМ повеќе троши време на формата отколку на суштината. Јалови се обидите да се троши време на шминка,  прирачници, без суштински и реални промени.