Тоа што Европејците го заработуваат за час, на Босанците им е дневница

За еден час работа вработните во европските земји добиваат надомест кој изнесува колку една дневница на работниците во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат, јави МИА.

Според Евростат, за еден час работа Европејците во просек зарботуваат околу 25 евра, додека еден работник во БиХ за истата сума мора да работи осум часа.

Како што објави сараевскиот весник „Ослобоѓење“, тоа значи дека платите во БиХ се осумпати помали од просекот во ЕУ.

Најниски плати во ЕУ со 3,4 евра на час имаат работниците во Бугарија, додека просекот во Унијата изнесува 24,2 евра на час.

– Ако ова се спореди со најниската плата во Федерацијата БиХ, која изнесува 2,15 конвертибилни марки (1,07 евра), произлегува дека еден босански работни треба да работи три дена (24 работни часа) за да го заработи просечниот европска надомест по час, наведува „Ослобоѓење“.