Тобијас Зек: Ако се определите за Груевски, се определувате за иднината во НАТО и ЕУ

Потпретседателот на ЕПП Тобијас Зек во својот говор на големиот сенароден митинг на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ВМРО е партија за пример. Зел рече дека Програмата на ВМРО-ДПМНЕ не е обична програма, тоа е програма за иднината на Македонија. Ако се определите за Никола Груевски и оваа партија, се определувате за иднината во НАТО и ЕУ, рече Зек.

-Добра вечер и благодарам на поканата. Почитувани дами и господа многу ви благодарам за поканата и сум особено среќен што можам оваа вечер да ја спроведам со вас заедно. Од името на Европската народна партија, односно од името на партиите кои што се дел од таа пратеничка група, односно Демохристијанската партија на ЕУ, ви посакувам се најубаво во вашата кампања.  Особено сакам да се заблагодарам на македонскиот народ, на македонската Влада, но исто така сакам да се заблагодарам на господинот Никола Груевски. Вие сите заедно направивте голема работа, не само за вашата држава туку и за цела Европа. Но не само во изминатите години, оваа Влада покажа особено видни резултати во однос на вашата економија, во однос на безбедноста, во однос на социјалните работи. Вие сте една партија и Влада која што е за пример. Меѓутоа не е битно да се погледне само наназад, туку треба да погледнеме и нанапред, а јас имав можност да ја погледам програмата на ВМРП-ДПМНЕ. Меѓутоа станува збор за програма што има многу идеи, која што содржи многу проекти кои што исто така ќе се спроведат во иднина.  Дами и господа ако се определите за оваа партија, ако се определите за Никола Груевски, тогаш се определувате за иднината . Тоа значи за една Македонија која ќе влезе во НАТО, но и во Европската Унија, рече Зек.