сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Тодороска: 11 милиони евра за ученички и студентски стипендии, во 2005 се издвојуваа 4 милиони евра

Ние ги зголемивме минатата година, поточно во месец април за десет проценти сите категории на ученички и студентски стипендии кои што ги доделуваме, истакна на отчетот Државниот секретар во МОН, Елизабета Тодороска.

elizabeta-todoroska

Поврзани вести

Ние ги зголемивме минатата година, поточно во месец април за десет проценти сите категории на ученички и студентски стипендии кои што ги доделуваме, истакна на отчетот Државниот секретар во МОН, Елизабета Тодороска.

Јас би сакала само да се навратам на една компарација, една едноставна споредба на бројки, која што зборува самата по себе за тоа колку ние вложуваме во делот на стипендии. Имено оваа година во буџетот на Министерството за образование и наука се обезбедени вкупно 688 милиони денари за исплата на ученички и студентски стипендии што е повеќе од 11 милиони евра, за споредба во 2005 година, годишната сума која што се издвојуваше за оваа намена изнесуваше беше 235 милиони денари или помалку од 4 милиони евра, што зборува за трикратно зголемување. Значи трикратно зголемување на буџетот на исплата на ученички и студентски стипендии. За период споредбен 2005- 2016 година и тоа не се должи само на десетте проценти зголемување коишто ги спомнавте, туку се должи на повеќе од 40 типови на ученички и студенстки стипендии. Ако во 2005 зборувавме за помалку од десет типови, сега зборуваме за повеќе од 40 типови на стипендии. Внимавајќи на студенти и ученици кои што покажуваат исклучителни резултати во делот на математиката, природни науки, технички науки, но секако и за социјално ранливи категориии групи. Би сакала особено во овој момент да зборувам за она што ја прави Република Македонија единствена на регионот, а една од ретките во светот, тоа е стипендиите кои што ги доделуваме за студентите кои што ќе успеат да се запишат на првите 100 рангирани Универзитети во светот, по листата на шангајскиот Џио Тонг Универзитет, стипендии кои што ги доделуваме со плаќање на школарина, авионска карта, здравствено осигурување и стипендија за животни трошоци, рече Тодороска.

Најчитани вести