Тодоров: Целосната реконструкција на Букурешт ќе заврши за пет месеци

Целосната реконструкција на поликлиниката Букурешт, чија што вредност е 24 милиони денари, се очекува да заврши во период од пет месеци, истакна денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, при посетата на поликлинината.

„Реконструкцијата ќе ја опфати целата поликлиника, целиот договор е 24 милиони денари и очекуваме да заврши во период од пет месеци“, рече Тодоров, кој нагласи дека за време на реконструкцијата поликлиниката ќе функционира најнормално.

Се работи за прва темелна реконструкција на таа установа, која што во јули оваа година ќе одбележи 50-годишен јубилеј.

Премиерот Никола Груевски вчера ја најави темелната реконструкција на полклиниката, која освен пред две-три години, кога се променија прозорците, и се интервенираше во санитарните јазли и тоалетите, надвор од тоа не е ништо инвестирано и реконструирано.

Груевски нагласи дека оваа реконструкција е доста значајна , бидејќи поликлиниката Букурешт прима најголем број пациенти годишно, само 1.500 пациенти дневно.