четврток, 12 јануари 2017  |  Вести денес: 4

Тодоров: Договорот е во интерес на државата и граѓаните, ќе направиме се целосно да се спроведе

Тодоров: Овој договор е во интерес и на државата и на граѓаните, а во интерес е и на ВМРО-ДПМНЕ и од тој аспект ќе направиме се овој договор што е можно побрзо да се имплементира онака како што е склучен

todorov-5-640x391

Последни вести

Ние имаме интерес овој договор да се спроведе во целост така како што е склучен, како што се договорија 4-те политички партии. Ова е договор кој што го трасира патот за излез од кризата, а нашиот најголем интерес како партија е Македонија да ја остави оваа криза зад себе и да продолжи по патот на просперитет и развој. А тоа е единствено можно со организирање на фер и демократски избори, до кои може да се дојде со целосно имплементација на овој договор.

Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров во интервју за Телма.

Тодоров подвлече дека од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени целосно и навремено да ги реализираат сите обврски без никакви опструкции.

-Овој договор е во интерес и на државата и на граѓаните, а во интерес е и на ВМРО-ДПМНЕ и од тој аспект ќе направиме се овој договор што е можно побрзо да се имплементира онака како што е склучен, подвлекува тој.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Најчитани вести