Тодоров: Со договорот победници се граѓаните

Јас и вчера реков дека сум искрено задоволен од постигнатиот договор, рече денеска вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во отвореното студио на ТВ Нова.

Од тој аспект, уште еднаш ќе речам дека сум многу задоволен затоа што направивме сериозен чекор во решавање на оваа криза која трае веќе 2 години. Од овој договор победници се граѓаните и треба да биде победена кризата, рече Тодоров.

Не би сакал со внесување на негативна енергија додаде тој, не треба да се работи на намерно рушење на овој договор треба во добра волја да ги спроведеме обврските на договорот.

За избори на 11 декември ако се исполнети условите ќе се утврди на 31 август најкасно може да биде и порано лидерите треба да оценат дали се исполнети сите услови за фер и демократски избори и ако се исполнети да се утврди денот на изборите. Важно е кои се тие услови. Два услови се во прашање: избирачки список и медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.