Тодоров: Две работи се сигурни, на 11 декември избори ќе има и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи

Две работи се сигурни. Прво дека ќе има избори на 11 декември и второ дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, истакна на денешната средба во жителите од радовишко Ораовица, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

 

-СДСМ направи многу голема штета, две години ја држат во заложништво цела држава, и народот и државата. Дојде време да платат за таа штета, а фактурата ќе им стигне на 11 декември од граѓаните. Народот сега ќе може да види што нудат они, а што сме исполниле ние и да ја направат разликата. Народот знае дека има голема разлика меѓу нас и нив, дека ние подобро се справуваме со економските предизвици, дека отвораме нови работни места, фабрики отвораме во нивно време само се затвораа фабрики, истакна Тодоров.

Тој додаде дека 560.000 вработени имало вкупно кога биле СДСМ на власт до 2006 година.

sredba-radovis

-Така ја оставија државата, со најголем процент на невработеност во историјата, над 38 проценти. Сега невработеноста е 24 проценти и со 720.000 вработени во државата, тоа е огромна разлика. Не е доволно и треба да се направи уште многу и свесни сме, но ова се чекорите кои ги имаме преземено и чекори кои никогаш во времето кога тие управувале со државата не ги направиле, тоа е препознаено од граѓаните, потенцираше Тодоров.

Граѓаните, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, знаат да оценат кој има подобра програма, кој ги остварува ветувањата и кој подобро ја води економијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.