Македонија

Тодоров го посети бебето што ја разбранува јавноста

Тодоров го посети бебето што ја разбранува јавноста

Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска беше на Клиниката за Детски болести, на Одделот за интензивна нега и лекување, каде што е хоспиталиизирано три месечното бебе кое беше пронајдено викендов на паркиран автомобил на улицата Никола Вапцаров, во центарот на Скопје.

Директорката на Клиниката за детски болести доц. Др Аспазија Софијанова, го информираше министерот Тодоров за здравствената состојба на бебето и за мерките кои се превземаат за негово лекување. Бебето и понатаму останува на одделот за интензивна нега и лекување и се очекува понатаму да биде префрлено на неонатолошкиот оддел каде ќе продолжи лекувањето.

Здравстевните власти и јавноста ќе бидат постојано информирани за здравствената состојба на детето.