Македонија

Тодоров: Годинава докторите посовесни за „Мој термин“

Тодоров: Годинава докторите посовесни за „Мој термин“
Уште најмалку 1.000 здравствени работници ќе се едуцираат во странство

Со податоците од системот „Мој термин“ детектиравме доктори кои три или повеќе од три пати во текот на еден месец доцнеле подолго од еден час на првиот закажан преглед. Јавно се обврзавме дека постојано ќе ја следиме состојбата, ќе ја информираме јавноста за оваа појава и ќе бараме од директорите да преземаат мерки се до комплетно анулирање на оваа појава. Ова го истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, пренесе МИА.

Бројот на доктори кои не ги почитувале закажните термини минатиот месец за 15 пати е помал во споредба со септември лани, кога почна да се следи оваа појава.

– Единаесет доктори доцнеле три или повеќе пати, повеќе од еден час на првиот закажан термин. Во септември, кога почнавме со оваа активност имавме 162 вакви случаи. Ова говори за драстично намалување на бројот на доктори кои доцнат на првиот закажан термин, рече Тодоров.

Целта, како што потенцира, е со заострување на критериумите дополнително да ја редуцираме оваа појава која негативно влијае на целиот здравствен систем, ги засега пациентите кои се оставени да чекаат пред затворената врата на докторот. Тоа како појава мора да го спречиме.

Според податоците од системот „Мој термин“ минатион месец два пати или повеќе од два пати, повеќе од еден час доцнел 31 доктор. Меѓу нив најмногу доктори се од Општата болница Гостивар – шест, Клиничка болница Битола, Општа болница Охрид и Поликлинка „Јане Сандански“ по тројца и Градската општа болница „8 Септември“ и УК за радиологија, само двајца доктори.

– Во останатите установи имаме само по еден доктор кој доцнел, два пати или повеќе, тоа е во Поликлиника Букурешт, Здравствен дом Неготино, Пробиштип, Општа болница Велес, Куманово, Струмица, Тетово, Институит за тарнсфузиона медицина, Детска хирургија, Ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, неврологија и Психијатриска болница Скопје, рече Тодоров.

Во дел од јавните здравствени установи низ државата нема ниту еден доктор кој задоцнил во овие временски рамки, два пати  подолго од еден час. Тука спаѓаат  31 здравствен доми две здравствени станици, Липково и Железара. Тодоров ги издвои Здравствениот дом Валандово, ЗД Виница и ЗД Прилеп.
Според него, добра е ситуцаијата и на 26 универзитетски клиники, меѓу кои ја издвои Универзитетската клиника за државна кардиохирургија каде воопшто нема доцнење, како и кај шест заводи и 13 болници.
Откажувањето пациентите може да го направат со јавување на телефонскиот број 15 444 или со праќање на СМС порака на бројот 144 194 со содржина број на упат. Тим од „Мој термин“ редовно испраќа СМС-пораки до пациентите за потсетување за закажаните термини.
 
– Податоците од системот „Мој термин“ покажуваат подобрување. Откажувањето на термините изминатиот месец е за 8 проценти поголемо во споредба со мај. Во јуни биле откажани вкупно 25.668 термини, а во мај  биле откажани вкупно 23.806 термини, рече Тодоров.
 
Според министерот за здравство, со доследно почитување на закажаните термини од страна на пациентите и од страна на докторитеи со непосредно доаѓање пред термин ќе се обезбеди функционирање на  системот„Мој термин“.