Македонија

Тодоров: Голем инвестициски циклус во здравството

Тодоров: Голем инвестициски циклус во здравството

Поголем број на здравствени установи во Македонија се опфатени со големиот инвестициски циклус во здравството, а фокусот е на здравствената инфраструктура.

За ова во вестите на Сител говореше министерот за здравство Никола Тодоров.

Штипската болница е досега најголемиот проект кој што го имаме и кој е во тек, доставувањето на понудите е закажано за 14 октомври. На почетокот на наредниот месец ќе започнеме со реконструкција на Битолската болница- проект вреден околу 130 милиони денари. Во текот на наредната недела го објавуваме тендерот за изградба на Ургентен центар- Куманово, а исто така во средината на наредната недела ќе биде електронската аукција за реконструкцијата и доградбата на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Во завршна фаза е и градбата на Детската болница во Козле, до крајот на овој месец би требало комплетно да бидат завршени градежните работи и потоа да се отпочне со постапката за пуштање во употреба, веројатно ќе треба уште еден месец за тоа и исто така ПЕТ Центарот, тоа е исто така еден од крупните проекти во македонското здравство, инвестиција од околу 16 милиони евра и би требало да биде готов некаде до средината на месец ноември, по што отпочнува период на т.н. комисионирање кој би треал од 6 месеци до 1 година, потенцираше Тодоров.

Ресорниот министер истакна и дека со крупната набавка на значајната дијагностичка опрема ќе се влијае позитивно на намалување на листите на чекање, односно забрзување на дијагностичката продедура, која според него, е една од најзначајните за многу области во медицината.

Исто така, покрај за проектите за подобрување на здравствената инфраструкура, министерот нагласи дека продолжува и доедукацијата на лекарите.

До сега, на едукација се испратени 1.890 здравствени работници, а наредната година ќе бидат испратени уште нови 1.000, информираше Тодоров.

https://www.youtube.com/watch?v=QywbDF3SBOk