Тодоров: Гордиот и достоинствен народ ќе стави крај на кризата и понижувањето

Никола Тодоров, носител на ИЕ број 4 на големиот сенароден митинг на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се ближи денот од кој кукавички бегаат СДСМ, доаѓа денот гордиот и достоинствен народ ќе одлучи да стави крај на кризата и деструкцијата, на уништувањето и понижувањето.

-Се наближува денот од кој кукавички бегаа, доаѓа денот гордиот и достоинствен народ ќе одлучи да стави крај кризата и деструкцијата, на уништувањето и понижувањето. Денот на кој народот ќе му покаже и на СДСМ и на нивните сценаристи дека во Македонија има народ, трпелив, но силен народ. Се ближи денот кога народот без никакви уцени, слободно и притисок самостојно ќе одлучи каква Македонија ќе имаме. Македонија заглавена во кризи или Македонија која оди напред, изборот е едноставен, не сакаме враќање назад, рече Тодоров.