Тодоров: Граѓаните сакаат инвестиции, работа и напредок, а не анархистички филм во кој е влезен СДСМ

Начинот на кој што СДСМ функционира во владата е истиот начин на кој што СДСМ функционира на улица. Тоа е анархија. Тоа е безредие, безвластие, непочитување на закон, непочитување на правила, непочитување на сопствената држава, на сопствениот народ и сопствените институции и историја, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров за Дневникот на Канал 5.

Тоа е филмот во кој што се влезени, филм на анархија, на деструкција и филм на контиунирана криза. Имаат став веројатно дека низ контиунирана криза можат да добијат нешто, да го уплашат народот и како резултат на тоа да дојдат на власт. Тоа нема да се случи. Македонскиот народ е умен, тој знае што бара, знае што очекува од политичарот, кој во државата сака криза? Сите бараат нови работни места, инвестиции во здравство, земјоделие, образование, бараат повисоки плати и повисоки примања. Никој во државата не бара криза, не бара хаос, не бара уништување на објекти, непочитување на институциите.

Тука има една сериозна разлика помеѓу нас и нив, додаде Тодоров, но ова е она што најдобро ја дефинира политиката на СДСМ.

Затоа би повторил, како функционираат надвор на улиците, така функционираат и во институциите.