Тодоров: Храбриот македонски народ нема да дозволи федерализација

Храбриот македонски народ нема да дозволи Македонија да се федерализиара, да се менува Устав, нема да дозволи двојазичност и проширување на Охридскиот рамковен договор. Овој народ е гарант за тоа, за независна, суверена и унитарна Република Македонија, истакна на синоќешниот мини митинг во Триангла носителот на листа во ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, а на кој присуствуваа голем број граѓани.

-Доста нè делеа, нè парчеа, доста се изживуваа врз Македонија и Македонецот. Нема повеќе да дозволиме. Имаме наша држава Македонија, ќе ја зачуваме и ќе ја предадеме на нашите идни поколенија таква каква што сме ја направиле. Ова е библиска земја, не дозволуваме никому да се пазари ниту со Македонија, ниту со македонските национални интереси, вели Тодоров.

todorov-triangla-minimiting1

Во немање што да му понуди на македонскиот народ, посочи Тодоров, Заев тргна во продажба на македонските национални интереси за да дојде на власт.

todorov-triangla-minimiting2

-Државата е една засекогаш. За секој од нас, немаме ништо против Албанците или било кој. Кога овозможивме бесплатни учебници и превоз, овозможивме за сите. Покачените пензии, субвенции, реконстриураните улици, новите медицински опреми се за сите. Сè што правевме е за сите граѓани на Македонија, истакна носителот на листа во втората изборна единица.