Тодоров и Стефаноски во посета на аптекарската станица во Лозово

 Во рамки на проектот за отворање аптеки во руралните средини,  министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски, денеска ја посетија аптекарската станица која веќе една година работи во просториите на здравствениот дом во село Лозово, а која од неодамна склучи и догоров со ФЗОМ за лекови на рецепт.
 
Како што појасни министерт Никола Тодоров, со ова им е овозможено на жителите од Лозово освен здраствена заштита од матичните лекари на едно место да ги набават потребните лекови за пропишаната терапија.
 
– На овој начин многу им е олеснето на жителите од Лозово и блиските населени места во Општина Лозово. Отсега  пропишаните лекови можат да ги набават тука во аптекарската станица во Лозово и така да заштедат време и пари,кои порано гу губаа за оваа намена да патуваат до Велес,потенцира министерот Тодоров.
Тој појасни дека со овој проект за отворање аптекарски станици во населени места до 3,5 илјади жители на  објавениот конкурс за 66 аптекарски станици во Македонија, е за оние аптекарски фирми што имаа повеќе од две аптеки во една општина или пет на ниво на државата, со овој проект се обврзани да отворат минимум уште една аптека во руралната средина.
 
– Со овие аптекарски станица опфаќаме околу 130 илјади граѓани во Р.Македонија коишто живеат во рурални области и коишто децении наназад, а некои никогаш немале аптеки во близина на местото на живеење.На  тој начин сакаме да го решиме  повеќедеценискиот проблем на граѓаните и да им ги доближиме здравствените услуги и потреби,потенцира министерот Тодоров.
 
Директорот на ФЗОМ Сашо Стафаноски потенцира дека придобивките од овој проект ќе бидат значајни за граѓаните кои живеат во руралните средини.Со овој проект, подвлече, се предвидени 66 аптеки,од кои досега во процедура се влезени 46, од кои 29 се комплетно завршени,потпишани се договорите од ФЗОМ и аптеките. Преостанатите 17 аптеки се во процедура и очекуваат во најбрз можен рок да заврши таа постапка.
 
Фотографија: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.