Тодоров и Трајановски ги посетија родилките и првородените бебиња

Наум, Хана и Христијан се првите бебиња во 2016-тата година. Министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ја посетија Клиниката за Гинекологија каде вчера се родија првите три дечиња во новата 2016 година.

Оваа 2016-та година започна со три рожби во првата минута по полноќ. Според нив трите рожби во првата минута од новата 2016 означуваат дека оваа година ќе биде бериќетна.

Мајките и бебињата се во одлична состојба, а од министерот и градоначалникот покрај честитките добија и подароци.

Сакам да честитам  на родителите за приновата. Особено на првата мајка бидејќи близначињата и се први дечиња, но и на втората мајка која го роди третото дете, рече Тодоров.

Тодоров и Трајановски ги посетија родилките и првородените бебиња
Тодоров и Трајановски ги посетија родилките и првородените бебиња

Тодоров им честиташе и на здравствените работници кои што беа на своите работи места и даваа здравствени услуги за сите граѓани на Македонија.

Сакам на мајките на новородените дечиња и на нивните семејства да и честитам за приновата. Ова покажува дека годинава ќе ни биде бериќетна , со тоа што во првите секунди од новата година имаме три принови и се надеваме дека оваа година ќе има повеќе новородени дечиња, порача Трајановски.

Градот Скопје како секоја година на новороденчињата им додели книшка од 120.000 денари.

Како и секај година така и оваа, клиниката за гинекологија беше највеселото место во државата и на свет дојдоа три новороденчиња. Едно новороденче кај треторотка и две новороденчиња кај трудница со ин витро фертилизација, рече директорката Марија Хаџилега.

Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри.

Во 2015 година се извршени околу 6.000 породувања, при што имало 200 повеќе машки новороденчиња, отколку женски.

Тодоров, Трајановски и Хаџилега на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаа новата година и им посакаа многу здравје, среќа и бериќет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.