Тодоров: Со инвестиција од 900 илјади евра комплетно го подигаме нивото на кавадаречката болница

тодоров

-Имајќи предвид дека во Кавадарци ќе набавиме нов апарат за компјутерска томографија, имајќи предвид дека се договоривме да се стават во функција две нови интензивни неги и тоа една интернистичка интензивна нега и една хируршка интензивна нега, имајќи предвид дека се договоривме да се направи нова операциона сала, затоа што во опремата што треба да се набави се предвидува и набавка на операционен стол со светло и да се изведе централен довод на медицински гасови, практично комплетно го подигаме нивото на кавадаречката болница, рече Тодоров.

Тодоров нагласи и дека инвестицијата во кавадаречката болница ќе чини околу 900 илјади евра.