Тодоров: Избирачкиот список сега е прочистен и квалитетен, СДСМ бара оправдување за 200.000 гласови разлика

Во СДСМ ниту самите себе си не си веруваат на тоа што го говорат околу избирачкиот список, а сакаат цела држава да ја убедат, посочи Никола Тодоров во вестите на Сител.

Избирачкиот список сега е прочистен и квалитетен. Дури е и поквалитетен од списоците во многу европски држави, нагласи Тодоров, кој појасни на причините за таквото однесување на СДСМ.

СДСМ бараат 176.000 лица да бидат обележани со ѕвездичка бидејќи се од дијаспората, и тоа го прифаќаме, објасни Тодоров.

Но, всушност, СДСМ сака да се оправда за 200.000 гласови разлика, па вели дека од списокот треба да се избришани и други 42.000 гласачи, додаде Тодоров. ВМРО-ДПМНЕ имале средба со претставници во ДИК околу чистењето на списокот. Претставниците од СДСМ посочиле на 34.000 граѓани, кои сметаат дека требало да се избришат. Истите тие сега од партијата ги зголемија на 42.000 лица за бришење.

Тоа што СДСМ сакаше да го постигне е дека тие 176.000 и овие 34.000 односно сега 42.000 гласачи кои ги посочуваат, со нив да ги оправдаат 200.000 гласови разлика, дека сме ги украле гласовите, нагласи Тодоров. Но тоа што СДСМ не го кажува е дека се работи за 176.000 албанци иселеници најмногу од 6 ИЕ. Ако ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребило нивните гласови, тогаш партијата во таа ИЕ ќе имаше многу повеќе пратеници, образложи Тодоров.

Тодоров ја предочи и идејата и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, тие 42.000 гласачи кои ги спорат во СДСМ, да бидат објавени на посебен список и граѓаните кои ќе се препознаат во него да се пријават. Оние пак кои ќе нема да го сторат тоа, да бидат избришани, односно еден вид на активна регистрација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.