Тодоров: Изградба на 22 километри пат за поврзување на Куманово и Крива Паланка

Носителот на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија” во Третата изборна единица Никола Тодоров денеска во Крива Паланка изјави дека меѓу најголемите планирани проекти во таа општина е изградба на патот од Куманово до Крива Паланка, делница од Ранковце до Крива Паланка, во должина од 22 километри.

Тоа ќе биде експресен пат којшто би требало да започне со градба во 2016, а да заврши во 2018 година. Станува збор за крупен инфраструктурен проект кој ќе овозможи многу подобро инфраструктурно поврзување помеѓу Куманово и Крива Паланка, но и Скопје и Крива Паланка, а исто така и дел практично од Коридорот 8 за поврзувањето помеѓу Скопје и граница со Република Бугарија. Проектот е во вредност од 66 милиони евра, истакна Тодоров.

Во Крива Паланка тој имаше средби со граѓани и ја посети манифестацијата „Велигденска традиција”.