Тодоров: Како кула од карти се срушија митовите на СДСМ за избирачкиот список

За членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, одлуката на Државната изборна комисија дека има услови за предвремни избори била очекувана.

ДИК донесе одлука дека има услови за избори и таа одлука за мене беше многу очекувана затоа што како кула од карти се сруши она што СДСМ цело време го заговараше со избирачкиот список. Цела македонска јавност се увери дека тоа било мит намерно креиран, преку сто пати повторувана лага, со цел да се направи чувство во јавноста дека нешто не чини, дека нешто не е добро, дека некој нешто добивал врз основа на некоја измама итн, што се докажа дека не е точно.

Кога се објавија фантомите наводни, додаде Тодоров, меѓу кои имаше луѓе блиски до СДСМ како сестрата на Шекеринска, познати пратеници, бивши и сегашни на СДСМ, луѓе од јавниот живот, се виде тоа било намерно креиран мит со цел да се избегнат избори и да се креира политичка криза.