Тодоров: Ќе го развиваме манастрирскиот туризам

Никола Тодоров, носител на листата во третата изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска го промовираше проектот за развој на манастирскиот туризам во земјава.

„Денеска сакам да промовирам уште еден проект од 2.046-те проекти. Тоа е проектот за развој на манастирскиот туризам. Со овој проект предвидуваме во соработка со МПЦ-ОА да развиеме  веб-страница со електронски водич за сите манастирски капацитети кои нудат можности за сместување и манастирски туризам“ – изјави Тодоров по посетата на црквата „Воскресение Христово“ во скопско Зелениково.
Предвидено е проектот да се реализира до следната година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.