Тодоров ќе поднесе кривична за случајот со бактеријата листерија

По четири смртни исходи на заразени од бактеријата листерија и се’ уште не детектиран извор на зараза, Мнистертсвото за здравство одлучи да поднесе кривична пријава против непознат сторител за пуштање во промет небезбедна храна. Ова е предвидено во член 213 од кривичниот закон, а бидејќи има и смртни случаи, според членот 217 од овој законик се предвидвидува и казна затвор од една до 10 години.

Засега, анализата првичните резултати од земените мостри од месни и млечни производи, покажуваат негативно присуство на оваа бактерија. Дури за следната недела се најавуваат поконкретни информации за успешноста на лоцирањето на изворот на заразата и стопирање на евентуална епидемија. Покрај досегашните седум пациенти заразени од листерија, од кои четворица го загубија животот, нови пациенти на Клиниката на инфектологија нема.

„Случајот треба да се испита детално,  каде настанал проблемот, кој пуштил во промет вакви производи, дали се пуштени од небрежност, преземени ли се сите мерки за унишување на производите кај кои е пронајдена бајтеријата. Не би сакал да седам со скрстени раце во ваков случај. Немам основано соменение,  но имам основа за сомневање дека е можно некаде да има пропуст. Дека е можно да е пуштен производ во промет со листерија и тоа треба да се детектира и соодветно да се казни. Имаме четири  смртни случаи и нема да дозволам  да останам само на негативни мости. По првавило треба да излезам и  да кажам дека мострите се негативни и треба да сме мирни. Не сме мирни, помирен ќе бев ако имавме позитивна детекција и ги  преземеме  сите мерки против оној кој ги пуштил во промет овие производи“, истакна Тодоров.

Освен контроли во месните индустрии, диструбитивните центри, продавници, брисеви ќе се земаат и од машините во приизводствените капацитети.

Фактот дека и минатата година и оваа, лабораториските анализи покажале присуство на оваа бактерија во три примероци, а за тоа не била информирана јавноста, создаде дополнителен сомнеж за квалитетот на контролите кои се вршат при утврдување на безбедноста на храната на нашиот пазар. Според Тоодров, постоеле законски пропусти за тоа, бидејќи, согласно регулативата, самите производители  треба да доставуваат мостири до Центрите за јавно здравје, а доколку таму детектираат бактерија, за тоа ги извесуваат само производителите и немаат обврска да ја известат Агенцијата за храна.

Тој најави иницијатива за измена во законот , со која што секоја институција, лабораторија, ако детектира бактерија да има обврска веднаш или надоцна во рок од 24 часа да ја извести Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство и шумарство, Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.