Македонија

Тодоров ќе учевствува на Регионалниот комитет на СЗО за Европа

Тодоров ќе учевствува на  Регионалниот комитет на СЗО за Европа

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во Копенхаген ќе се сретне со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб во пресрет на 64.сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, која почнува утре во главниот град на Данска.

На сесијата свое обраќање ќе има и Тодоров, а на истата ќе учествуваат министри и високи претставници на 53 земји-членки на СЗО за европскиот регион, партнери и претставници на граѓанското општество.

Клучни прашања кои ќе бидат опфатени на 64. сесија на Регионалниот комитет се првиот извештај за спроведувањето на „Здравје 2020“, резултати од претходно одржаните конференции, стратегија за инвестирање во децата, Акциски план за храна и исхрана на СЗО за европскиот регион за 2015-2020, Регионален акциски план за вакцини за 2015-2020 и СЗО реформи и нивните импликации на регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Тодоров попладнето ќе учествува на состанокот со министрите за здравство на здравствена мрежа на Југоисточна Европа, по што ќе ја посети Универзитетската болница „Rigshospitalitet“ во Копенхаген. Toj вечерта пред претставници на неколку болници и осигурителни компании ќе ги презентира можностите за инвестиции во Република Македонија во слободните здравствени зони.