Македонија

Тодоров: Македонија е подготвена за евентуален случај заболен од ебола

Тодоров: Македонија е подготвена за евентуален случај заболен од ебола

Македонија е подготвена за евентуален случај заболен од вирусот на ебола, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров, откако вчера британските медиуми најавија забрзано ширење на болеста на европскиот континент.

Тодоров најави дека се преземени сите мерки за заштита препорачани од СЗО и потенцираше дека надлежни институции се подготвени за враќање на муслиманите од Македонија кои заминале на аџилак во светиот град Мека.

Тодоров истакна дека на аеродромите во земјава во функција се термални камери кои треба да детектираат евентуална покачена телесна температура како прв показател за инфекција од ебола. На граничните премини во земјава, пак се делат едукативни флаери за заштита и препознавање на симтомите на болеста.

Британски научници вчера објавија студија во која тврдат дека вирусот на ебола до крајот на месецов ќе се рашири во Франција и во Велика Британија, пред се поради големиот број туристи и патници во авионскиот сообраќај кои преку овие земји патуваат кон други дестинации.