Тодоров му посака здравје, среќа и успех на прво роденото бебе во Скопје

Министерот за здравство Никола Тодоров во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир го посети првороденото бебе во Новата година во Скопје.

Станува збор за машко бебе, родено рано утринава во 04:15 часот. Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Тоа е првородено дете на мајката Нуредини Рамадан Хикмет.

Министерот Тодоров му посака на бебето и на негово семејство многу здравје, среќа и успех во животот.

Тодоров им се заблагодари и на сите здравствени работници за нивата посветеност и пожртвуваност во текот на новогодишната ноќ, кога сите славеа и беа со своите семејства здравствените работници  одлично си за завршија својата работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.