среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Тодоров на состанок со европски министри за здравство во Братислава

Состанокот е посветен на повеќе актуелни теми и предизвици од областа на здравствената заштита, со посебен фокус на употребата на лекови, вакцинација и други актуелни јавно-здравствени теми .

тодоров

Последни вести

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ќе присуствува на неформалниот состанок на министри за здравство, кој се одржува во Братислава, Република Словачка, во рамки на претседавањето на Словачка со Советот на Европската Унија.

Состанокот е посветен на повеќе актуелни теми и предизвици од областа на здравствената заштита, со посебен фокус на употребата на лекови, вакцинација и други актуелни јавно-здравствени теми .

На маргините на состанокот, министерот Тодоров ќе оствари билатерални средби со министрите за здравство од повеќе европски земји, во насока на унапредување на меѓусебната соработка во повеќе аспекти на здравствената заштита, зголемување на можностите за едукација на медицинскиот персонал во странски земји и размена на искуства во повеќе специјалности.

Најчитани вести