среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 14

Бесплатен мамографски преглед со покана на домашна адреса

Ќе се испраќаат покани за бесплатен мамографски преглед на домашна адреса на жените. Од почетокот на неделава е предвидено да се испратат 1.452 покани, информираше Тодоров.

тодоров

Последни вести

Од 7 април годинава, во рамки на бесплатниот мамографски скриниг за рано откривање на карцином на дојка, досега се извршени 4.862 прегледи во вкупно 17 јавни здравствени установи низ цела Македонија. Од прегледаните 3.875 жени се со уреден наод, а 987 се упатени на понатамошно испитување за додефинирање на детектираната промена, информира денеска министерот за здрвство Никола Тодоров.

Тој нагласи дека упатувањето на натамошно испитување се прави врз основа на Упатството на медицина базирана на докази.

– Во зависоност од наодот 906 жени се испратени на ултразвучен преглед, 51 на дополнителни мамографски проекции, а 24 на биопсија. Досега, со извршените испитувања, се откриени 6 случаи на карцином на дојка и пациентките се упатени на хирургија, прецизира Тодоров.

Досега, со извршените испитувања се откриени 6 случаи на карцином на дојка и пациентките се упатени на хирургија. За споредба, во државите во Европската унија просекот е од 1,5 до 2 откриени случаи на илјада прегледи и нашата држава е во рамки на европскиот просек.

-Сакам да информирам и за уште една но

Најчитани вести