Бесплатен мамографски преглед со покана на домашна адреса

вина која ја воведуваме во рамки на овој проект, а тоа е испраќање покани за бесплатен мамографски преглед на домашна адреса на жените. Од почетокот на неделава е  предвидено да се испратат 1.452 покани, информираше Тодоров.

Со  мамографскиот скрининг се опфатени жените на возраст над 50 години, кои се асимптоматски (без симптоми на болест) и кои, согласно податоците од системот МојТермин, не направиле мамографска контрола во последните две години.

Оваа новина како пилот проект почнува во Скопје, Битола и Струмица, со цел да направиме проценка на одѕивот и евалуација на техничките аспекти, а очекуваме веќе во следниот месец да биде покриена целата територија на Македонија.

мамографија

Имено, до матичните лекари ќе бидат доставени информации за начинот на кој треба да се обратат сите жени од оваа категорија (асимптоматски жени на возраст над 50 години) за да ги проверат своите податоци. Тие доколку имаат интерес, ќе можат да го закажат својот преглед и пред да добијат писмена покана.

-Процесот на закажување почнува така што преку софтверското решение кое Министерството го изработи за оваа намена, автоматски се креираат покани до сите жени кои се дел од скринингот. Во поканата е наведен телефонски број од соодветен Центар за јавно здравје (според местото на живеење), на кој треба да се јави жената за да го закаже својот преглед во рок од три седмици по добивањето на поканата. Сите податоци за одѕивот, закажувањето на прегледи, резултатите, натамошните испитувања и сѐ што е дел од мамографскиот скрининг ќе биде забележено во софтверско решение, односно во регистарот за скрининг, подвлече Тодоров.

Преку сето ова се гради мамографско досие на жената кое ќе биде достапно (преку заштитен пристап) за самата жена и за нејзиниот матичен лекар и гинеколог.

Сите овие чекори се во согласност со светските норми за спроведување на скрининг програми.

-На овој начин ќе бидат опфатени жените од оваа возрасна група кои се заинтересирани за овој вид скрининг, а предвидено е во натамошниот тек на скринингот да се прошири опсегот, односно да се опфати возрасната група од 50 до 69 години, подвлече министерот.

Ова е една од најзначајните мерки за рано откривање рак на дојка, со која сериозно се придонесува кон унапредување и заштита на здравјето на женската популација, со оглед на фактот дека ова е најчестото малигно заболување кај жените.