ТОП,Македонија

Тодоров најави мега мерка: Ќе се отворат нови подвижни аптеки од кои бенефит ќе имаат 463.000 жители

Тодоров најави мега мерка: Ќе се отворат нови подвижни аптеки од кои бенефит ќе имаат 463.000 жители

Тодоров истакна дека Министерството за здравство ќе додели 10 нови лиценци за подвижни аптеки во 10 региони во Р. Македонија.

Проектот „ Подвижни аптеки “ е поврзан со проектот „ Рурален доктор“. Досега преку  „Рурален доктор“ над 200 илјади граѓани кои што живеат во рурални области во Македонија  добиле здравствена услуга од руралните доктори.

-Секогаш кога руралниот доктор ќе отиде во некое населено место и ќе изврши некој преглед и  препише определен рецепт на некој пациент, подвижната аптека е должна веднаш, а најдоцна во рок од 2 дена да му го однесе лекот на пациентот дома или во неговото населено место. Ова е огромен бенефит за пациентите кои живеат во руралните подрачја, рече Тодоров.

Министерот посочи дека овој проект се поврзува и со проектот „Рурална аптека“ .

-Проектот рурална аптека до сега функционира во 38 општини, а отворени се 67 аптеки со кој што се покриени над 180.000 жители . Проектот рурална аптека се однесува за населени места кои што имаат повеќе од 1000, а помалку од 3500 жители, рече Тододров.

Со подвижните и руралните аптеки се опфаќаат на д 880.000 граѓани во државата на кои ќе им се олесни пристапот до лекови.