вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Тодоров: Направивме отстапки за да се покаже вистинското лице на СДСМ

И едната и другата страна направија отстапки, тоа е реално. Да кажам дека не се направени отстапки и од едната и од другата страна, несакам тоа да го тврдам. Генерално од двете страни има отстапки за да се приближат една кон друга. Ова го посочи вицепремиерот на Владата на Република Македонија и министер за здравство Никола Тодоров во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова.

DOGOVOR-640x259

Поврзани вести

Ние прифативме се што е поврзано со избирачкиот список и прифативме тие да бираат генерален и одговорен уредник на МТВ. И едното и другото го прифативме за да се покаже вистинското лице на СДСМ. Првата работа е да се покаже дека било манипулација ова со избирачкиот список и тврдењето дека избирачкиот список е непрочистен, а за второто да се покаже дека е лага и манипулација нивното барање за слобода на медиумите. И едната и другата работа ги прифативме, направивме нешто што овозможи да се дојде до некој договор и тоа е позитивно, но од друга страна ги демаскиравме, рече Тодоров.

Од нивна страна како што посочи Тодоров  отстапка било тоа што прифатиле да има ограничувања во смените  на кадрите во МВР и веднаш по изборите пржинската влада мора да си оди.

Најчитани вести