Тодоров: Настаните во Собранието се смислено сценарио, во очајот ВМРО-ДПМНЕ да биде претставена како антиалбанска партија

Случувањата во Собрание се смислено сценарио за да предизивика судир кој требаше да го засени нелегалниот, незаконски и неделовнички избор на претседател на Собрание, што е резултат на нечии очајни обиди во однос на ВМРО-ДПМНЕ да биде наметната перцепцијата на антиалбанска партија, изјави во ТВ Нова Никола Тодоров .

Според Тодоров, од оваа временска дистанца може да се направи анализа за сé што се случуваше изминатите денови во македонскиот парламент, и изрази стравување дека станува збор за смислено сценарио, смислен план, кој имал за цел да предизивика судир кој треба да го засени нелегалниот, незаконски и неделовнички избор на претседател на Собрание.

„Тоа се случи за денеска никој да не зборува за тоа, туку сите да зборуваат за тоа каков хаос се случи. Никогаш не сум го оправдувал насилството и се надевам дека она никогаш повеќе нема да се случи. Дојде до многу несакан настан и тоа го осудувам. Но, во исто време, се случи и сериозно политичко насилство кое може да направи лош преседан кој може да се повторува во иднина во различни околности. Она што мене сериозно ме плаши, како човек, граѓанин, како политичар, е дека ова е многу лош преседан кој ако дозволиме да мине, аќе се повтори со сигурност, и многу веројатно е да се повтори, и кон оние кои го почнаа ова“, порача Тодоров.

Истакна дека не е ништо ново во демократијата да се промени власт, и оти тоа не е страшно, но предупреди дека е страшно како е тоа направено – неуставно, нелегитимно, неделовнички.

„Ние веруваме во демократијата, во Уставот, законите, процедурите. Ако не се почитуваат процедурите и секој кој е на позииција може да одлучува како нешто ќе направи спротивно на законите, тоа не е демократија. Тоа не смее да се дозволи, тогаш паѓа суверенитетот, државноста, тогаш може некој да ни ја оспори и државата“, рече Тодоров.

Смета дека некои структури очајно се обидуваат да го наметнат и изградат како перцепција, деа ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија. Тодоров изрази соменвање дека станува збор за дел од целиот таквиот план, да ВМРО-ДПМНЕ биде прогласена како партија која е против Албанците, и покрај тоа што нејзините фунционери беброј пати, но оти тие што сакаат да ја креираат обратната перцепција тоа никогаш не го пренесуваат.

„Не ги пренесуваат нашите ставови, напротив организираат дебати, вести во кои викаат ВМРО организира антиалбански протести во центарот на Скопје, што не е точно. Прво ВМРО не ги организирало, второ од она што можев да го видам тие воопштво не беа антиалбански. Но, намерно се креираше таква перцепција за да се направи уште поголем јаз меѓу ВМРО- ДПМНЕ и останатите албанските партии, несфаќајќи дека прават јаз меѓу Македонците и Албанците и оти тоа води кон меѓуетнички тензии, а со тоа нема играње. Тие што играат на оваа карта си играат со оган и тоа е крајно неодговорно, особено заради тоа што го прават ова за добивање на некои политички поени“, предупреди Тодоров.