недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 49

Тодоров: Не се налутив на оние кои негодува – тие преживеаа мака, не ние

todorov

Поврзани вести

Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров при вчерашното гостување во Отвореното студио на ТВ Нова, каде зборуваше за состојбата во поплавените подрачја истакна дека во потполност ја разбира маката на настраданите граѓани во поплавите, како и дека во ниту еден момент не замерил на одредени негодувања и критики.

-Во ниту еден момент не им се налутив на тие кои викаа, се лутеа, негодуваа…Имаше такви ситуации. Ресурсите се тие, во секоја земја ресурите се ограничени. Но, ние таму бевме и за тоа, на еден начин да ги амортизираме критиките и гневот. Тие преживеале мака, а не ние. Ние имавме каде да се вратиме, тие немаа каде да отидат. Затоа не можеме да им се налутиме што го истуриле својот гнев, истакна Тодоров.

Кога ресурсите се ограничени, а потребите големи, предност имаат оние кои се најзагрозени, додаде тој.

-Имаме карта со секоја од улиците, на секоја улица има координатор и во секое време точно се знае која машина на која улиц работи, до каде е завршена работата и од каде треба наредниот ден да се продолжи, подвлече Тодоров.

 

 

Најчитани вести