Тодоров и Нелоски меѓу граѓаните: Време е за крај на кризата наметната од опозицијата

 

Никола Тодоров и Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ и денеска меѓу граѓаните.

Од Аеродром, Тодоров истакна дека е време за крај на кризата што ја наметна опозицијата.

„Доста е криза во Македонија, доста е ситуација наметната од страна на СДСМ. Време е оваа криза да заврши“, порача Тодоров.

Нелоски, пак, истакна дека владините проекти за здравството ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нудиме проекти од здравството. Од сетот од 40 мерки, 3 се конкретно за здравство и се поврзани со младите луѓе. Тие проекти ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Нелоски.