Тодоров: Нема да се приватизира ниту една болница

Болницата во Прилеп беше далеку во полоша состојба од онаа во која се наоѓа сега, потенцираше министерот за здравство на Република Македонија, Никола Тодоров одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката Роза Топузова-Каровска.

Тој нагласи дека Владата досега инвестирала 2 милиони евра во набавка на опрема, потоа 35 милиони евра за реконструкција на болницата, при што објектот бил реконструиран во енергетски-ефикасен објект и се инвестирало во системот за затоплување.

Исто така, потенцираше дека во последните две години се примени 35 лица во општата болница во Прилеп, а најави дека за следната година ќе биде зголемен буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за една милијарда денари, со кои ќе се помогне да се зајакнат буџетите во болниците.

На прашањето на Топузовска- Каровска дали се планира да се приватизира општата болница во Прилеп, Тодоров категорично одговори:

– Нема да се приватизира болницата во Прилеп, нема да се приватизира ниту една болница во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.