Тодоров: Ние не даваме лажни ветувања како СДСМ

Министерот за здравство Никола Тодоров се обрати на трибината на владејачкта партија во Долнени.

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа четири трибини на кои од граѓаните побара идеи и предлози кои би биле вметнати во новата програма за претстојните избори.

Тодоров потенцира дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ креира програма со реални ветувања кои се остваруваат, додека партијата на Заев кажува лажни и наменски ветувања, кои никогаш не се исполнуваат.

-Во целиот овој период од 2006-та до денес, невработеноста не се намали како резултат на бришење на невработени од Агенција за вработување. Не, тоа беше тактика на СДСМ. Сега се намали како резултат на отворање на нови работни места. 140.000 работни места се отворени, 140.000 граѓани кои не биле вработени се вработени. Дали е ова доволно? Дали сме ги решиле сите проблеми во делот на невработеноста? Не! Но, да бидеме чесни, никогаш не сме ветиле и никогаш нема да ветиме дека ќе ги решиме сите проблеми на сите граѓани. Тоа е невозможно. Тој што тоа ќе ви го каже, ве лаже. Не ја говори вистината, рече Тодоров.

Тој на трибината говореше за дел од крупните проекти спроведени од оваа Влада како отписот на долгови кој им помогна на 15.000 граѓани, мерките за вработување, низа мерки во здравството, намалување на цената на лековите и мерки во повеќе области.

Министерот за здравство претходно се обрати и на трибина во Пласница.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е меѓу народот без разлика дали станува збор за периодот очекуваат избори или не. Тодоров истакна дека владејачката партија отчетно работи и секогаш ги презентираат спроведените проекти, но граѓаните, говори и за оние кои не се реализирале а ќе се реализираат.

-Не планираме да одиме со лажни и наменски ветувања. Планираме да одиме со реални и остварливи ветување кои кога ќе ги ветиме ќе ги ставиме во програма, а потоа работиме макотрпно и посветено истите да и реализираме. Од друга страна имаме еден противник кој што е учен да излегува на избори без програма, да оди на избори со лесни ветувања дека ќе ги реши сите проблеми на граѓаните, особено најгорливите. Тоа го прави постојно и затоа граѓаните не им ја даваат довербата, истакна Тодоров.

Тој потенцира дека граѓаните ги препознаваат лажните ветувања на СДСМ и дека оваа партија е одамна прочитана. Народот не му верува на СДСМ затоа што нема идеи и проекти а ветуваат нешто што не го реализираат.

-Нивниот лидер и градоначалник на Струмица, ајде да погледнеме сите заедно во индустриската зона. Заев вети дека ќе има 30-на фабрики и дека ќе се отворат 3.000 работни места. Заев излезе со тоа ветување, јавно на митинг. Ги убедуваше струмичани да гласаат за него, велејќи им дека ќе работи на намалување на невработеноста. Од 30 ветени фабрики, таму сега има 0 фабрики. Ќе видиме дека од 3.000 работни места имаме 0 работни места. Ова лажно ветување дадено наменски само за да добие функција и да седне во фотелјата, рече Тодоров.

Овој пример, рече тој, е јасен доказ за тоа дека граѓаните не може да веруваат во ветувањата на Заев.

-Затоа велиме дека на Заев не може да му се верува. Затоа велиме дека во таа политика на СДСМ не може да се верува, заоа народот во Македонија знае дека на политиката на СДСМ и СДСМ не може и не треба да им се верува. Од друга страна имаме тим на Владата која макотрпно работи да ги реши најгорливите прашања на граѓаните, истакна Тодоров.