Тодоров: Новиот Клинички е најголемиот проект во историјата на македонското здравство

Постапката за избор на фирма е во период на „стенд стил“, што значи дека сите незадоволни фирми можат да достават жалба. Таа ќе биде разгледана и од комисијата и од банката. За секој чекор на комисијата, банката дава согласност. Сепак, станува збор за банка на Советот на Европа и не верувам дека можат да направат таков превид и да дозволат фирма што има негативен бонитет да биде избрана за изведувач, изјави Тодоров на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Нагласи дека станува збор за конзорциум од повеќе фирми, меѓу кои и двете најголеми македонски градежни компании „Бетон“ и „Гранит“.

Да почекаме да се заврши целата процедура и да видиме што ќе донесе целата постапка. Експерти од банката се вклучени и таа дава одобрение на секој чекор и можноста за грешка тука е ставена на минимум. Сепак, ова е најголемиот проект во историјата на македонското здравство и нема да дозволиме да бидат прекршени процедурите, изјави Тодоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.