Тодоров во штипско Ново Село: Се преземаат мерки за справување со надојдената река

Министерот за здравство Никола Тодоров, во текот на денешната посета на Штип, се сретна и со жителите на населбата Ново Село,  со кои поразговара за мерките кои се преземаат за справување со покаченото ниво на течението на реката Брегалница која вообичаено поради временските услови во овој период е надојдена.

todorov1 (2)

На средбата со граѓаните беше присутен и градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, кој ги истакна мерките што ги презема локалната самоуправа, како и идните планови за доуредување на речното корито.