Тодоров: Нумбео не е кредибилно истражување

Нумбео не е кредибилно истражување, тоа е веб креирано истражување, на кое можеме да се договориме десетина или 15 луѓе да кликнуваат повеќе пати и Македонија да стане најдобро рангирана земја во светот. Но, тоа не е поентата, вели министерот за здравство Никола Тодоров.

Она на што ние се темелиме е една од најкредибилните истражувања, на кое присуствува еврокомесарот за здравство во Брисел каде се презентираат резултатите од споредбата на здравствените системи во Европа. Македонија на ова истражување бележи најголем раст во историјата на ова истражување во тек на една година, од било која друга земја во Европа. Направивме скок од 11 места за само една година и се рангиравме на 16 место во Европа и ЕУ. Тоа се кредибилни испитувања кои одат по индикатори, кои имаат призната методологија, вели Тодоров во Дневникот на МРТ.

Министерот за здравство посочи дека ова истражување се користи и за да утврдат аспектите во кои заостануваме зад другите земји и истите да се подобрат.