петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 35

Тодоров: Од една страна фабрика за афери, од друга страна реални фабрики

todorov-tribina-gostivar-640x480

Поврзани вести

Крупна e разликатa помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна фабрика за афери, од друга страна реални фабрики кои вработуваат и произведуваат, истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на трибината- дел од кампањата “На Македонија и треба твојата идеја”, која вечерва се одржа во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која што на политичката сцена воспостави еден комплетно нов начин на функционирање, преку претставување на граѓаните на една конкретна програма со конкретни рокови и конкретни решенија за проблеми кои што ги имаме детектирано врз основа на бројните средби кои ги остваруваме со народот и врз основа на експертските тимови. Од една страна имаме партија која се занимава со деструктивна политика, тоа е СДСМ, чиј основен начин на функционирање е деструкција и негативизам. Од другата страна имаме политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј основен начин на функционирање е проекти, реформи, инвестиции во здравство, земјоделство, образование, инфраструктура… Тоа е изборот во Македонија. Тоа е она помеѓу што граѓаните треба да бираат. Во последен период сме сведоци на една голема афера, која од ден на ден се повеќе не` шокира. Се повеќе покажува некое многу лошо лице на опозоцијата. Ја демаскира нивната политика и начинот преку кој сакаа да дојдат на власт- со измама на сопствениот народ, со креирање на „Фабрика за афери, истакна Тодоров.

Според него, СДСМ, до сега нема резултат во инвестициите и креирање на работни места.

 

Најчитани вести