Тодоров од Виница со нови мерки за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ вечерва од Виница почнува со сериал од помали трибини. Тим од министри, пратеници, членови на телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат со граѓаните, уште поблиску до граѓаните, тоа е и целта на овие помали трибини и ова е само продолжување на праксата која ја започнавме , преку која во поголемите градови, на поголеми трибини оди целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во контакт со граѓаните, ги промовира мерките и политиките кои што ги превзема, вели министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, пишува Курир.

Тој посочи дека СДСМ во овој период објавиле 19 бомби, а ВМРО-ДПМНЕ во овој период објавиле точно 60 мерки, во тоа, како што подвлече, има сериозна разлика.

– Претседателот на Владата објави отворање на нови фабрики кои ќе отворат нови околу 8.900 работни места. Невработеноста е најголем проблем, во најголем дел таа е оставштина од СДСМ. Тоа е проблем кој во најголем дел тие го креираа и го оставија да се решава од други. Ние сме тие кои се нафативме на решавање на овој проблем, рече Тодоров.

Тодоров од Виница најави одлична вест за жителите на овој град, нова холандска инвестиција ќе отвори нови 30 до 50 работни места до крајот на 2015 година.

-Тоа значи егзистенција за 30 до 50 нови семејства. Исто така сакам да најавам уште една мерка, а тоа е дека до крајот на оваа година ќе се отпочне со реализација на проектот за изградба на 39 социјални станови, рече Тодоров.

Министерот го повтори и капиталниот проект, многу значаен за овој регион, а тоа е патот од Кочани преку Македонска Каменица до Делчево кој ќе чини некаде околу 10 милиони евра и кој што исто така би требало да започне оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.