Македонија

Тодоров останува министер за здравство

Тодоров останува министер за здравство

Министерот за здравство, Никола Тодоров останува на својата позиција. Директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски  за Прес 24 вели дека комплетно се неточни информациите кои ги објавија некои медиуми кои ги уредува опозицијата.

-Пратеникот Ромео Тренов си поднесе оставка бидејќи е именуван за независен член на Одборот на директори на новоформираното АД Водостопанство. Никола Тодоров останува Министер за здравство, вели Котевски за Press24.

Медиумите на СДСМ и СОРОС утрово објавија уште една во низата лаги и манипулации искористувајќи ја оставката на пратеникот Ромео Тренов.

Според овие медиуми, Тренов ќе го наследел Тодоров во министерството за здравство.