Тодоров: Со проектот „Рурален доктор“ се посетени 538 населени места

Проектот „Рурален доктор“ овозможи  во 309 населени места да се отворат 309 пунктови и да се посетуваат 538 населени месат каде граѓаните немаат доктор. На овој начин покривме територија во која што живеат 360.000 жители, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Досега од почетокот на проектот се прегледани и добиле здравствена услуга над 160.000 жители во Р. Македонија  преку проектот „Рурален доктор“, рече Тодоров.

Тој посочи дека и проектот „Подвижни аптеки“ е доста успешен.

Со проектот „Подвижни аптеки“ се опфатени 304 населени места кои што покриваат население од 50.000 жители. Доделени се 6 лиценци и некаде сме на 25 % во целиот проект. Во наредниот проект ќе доделуваме уште лиценци за да ја покриеме целата територија на Р.М, истакна Тодоров.