Тодоров: Со пролонгирање на изборите Македонија доби хаос, уништување споменици и страв кај граѓаните

Очекувањата се оваа криза веќе еднаш да заврши, доста е треба да се има избори, граѓаните да кажат кој е тој што ќе ја има одговорноста да ја води оваа држава на еден демократски и фер начин, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, кој беше гостин во Дневникот на Канал 5.

Да си го поставиме прашањето што Македонија доби со пролонгирањето на изборите од 24ти Април, што денеска имаме? Имаме хаос, имаме блокиран главен град, имаме луѓе кои не можат да излезат да прошетаат, имаме уништување на споменици, уништување на културно наследство, имаме тензија и страв кај граѓаните, тоа мора да запре.

Од друга страна, додаде Тодоров, клучно е прашањето што на секој човек му треба, дали му треба нова фабрика да се отвори во Битола или му треба блокирана и хаотична Битола.

Дали треба во Скопје да се отворат нови работни места или треба блокиран град во кој што не можеш да пројдеш ни со возило ни пешки, ниту да прошеташ и да чувствуваш страв дека нешто може да ти се случи на тебе или на некој од твоето семејство затоа што некој одлучил револтот да го изразува со вандализам, со немири, со кршење и уништување.